Наследникот на Хојт Ји утре во Скопје со поддршка за преговорите со Грција

12 март, 2018 | 9:01 часот | 686 прикажувања |

Наследникот на Хојт Ји, помошникот државен секретар на САД за Европа и Еврооазија Вес Мичел од денеска до 17 март е во посета на Приштина, Скопје, Белград, Атина и Никозија, објави Стејт департментот.

Својата посета во земјите од Западен Балкан, Мичел ја започнува денеска во Приштина каде според најавите ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, со премиерот Рамуш Харадинај и со други политичари и претставници на невладиниот сектор.

Мичел во Скопје доаѓа утре, каде ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Како што се наведува во соопштението од Стејт Департментот, Мичел во Скопје „ќе ја потврди американската поддршка за евроатлантските апсирации на Македонија, ќе понуди поддршка во преговорите меѓу Македонија и Грција и ќе ја повика Владата да ги спроведе реформите чија цел е јакнење на демократското управување на владеење на правото и слободата на медиумите“.