Маж во Германија загинал обидувајќи се да го спаси кучето

12 март, 2018 | 8:46 часот | 328 прикажувања |

Во североисточна Германија загинал маж обидувајќи се да го спаси кучето кое паднало во езеро прекриено со тенок мраз, кој пукнал.

Мразот не ја издржал тежината на 46-годишникот, кој  пропаднал во водата во округот Лудвигслуст-Пархим во сојузната држава Микленборг-Западно поморје.

Тој не успеал да излезе од водата, а минувач кој ја видел сцената повикал спасувачки служби.

Тие го извлекле од водата, но не успеале да го спасат, а кучето преживеало.