Каталонците бараат формирање на регионална влада

12 март, 2018 | 8:41 часот | 660 прикажувања |

Десетици илјади Каталонци протестираа  во покраинската престолнина Барселона на повик на здруженијата коишто се залагаат за истапување на богатиот регион од составот на Шпанија, барајќи формирање влада којашто ќе биде решителна да работи на отцепувањето.

Маршот беше организиран од групата Каталонско национално собрание под мотото „Република сега!“.

Каталонските лидери безуспешно прогласија независност од Шпанија во октомври, кршејќи го шпанскиот Устав. По изборите во декември, што ги распиша Мадрид, сепаратистичките партии задржаа тесно мнозинство во каталонскиот Парламент, но не успеаја да формираат влада.

Претседателот на каталонскиот Парламент, Рожер Торент вчера ја одложи на неодредено седницата најавена за денеска, на која Жорди Санчез требаше да биде избран за претседател на регионалната влада.

Анкетикте покажуваат дека Каталонците се поделени по прашањето за независноста.