Амди Бајрам: Законот за јазици е уставно неуставен, но треба да се изгласа

11 март, 2018 | 22:24 часот | 1.295 прикажувања |

Пратеникот Амди Бајрам, дел од коалицијата на СДСМ вели дека Законот за јазици е уставно неуставен, но сепак треба да се изгласа без одолговлекувања. Бајрам додава дека така е зацртано и така треба да биде, а тој немал ништо против.

„Не треба да се одолговлекува. Не е некоја голема работа доколку Законот за јазици се излагаса, а нема ниту пречка за тоа. Јас го оценувам законот за уставно неуставен. Надворешниот фактор не притиска, ако сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО, мора да се придржуваме кон тоа што тие ќе го кажат. Народот е ставен во психоза, не можеме да просперираме напред без да ги завршиме овие работи“, вели пратеникот Амди Бајрам за „Макфакс“.