ВИДЕО: Промовирана македонската евровизиска песна “Lost and found”

11 март, 2018 | 21:35 часот | 949 прикажувања |

Промовирана песната „Lost and found“ со којашто Ај Кју ќе ја претстават Македонија на 63-тото издание на Изборот за песна на Евровизија.

Режисер на видео спотот е Јован Куциновски. Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а за аранжманот се погрижи Дарко Димитров.

Ај Кју настапуваат во втората половина на Првата полуфинална вечер на 8-ми мај.