Делегација на Советот на министри од БиХ утре во посета на Македонија

11 март, 2018 | 12:20 часот | 476 прикажувања |

Делегација на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина утре ќе престојува во еднодневна, официјална посета на Република Македонија.

Босанската делегација предводена од претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ предвидено е да оствари кратка „тет-а-тет“ средба со македонскиот премиер Зоран Заев, а потоа следува и билатералната средба на двете владини делегации.

Македонската и босанската Влада ќе потпишат договори за соработка, а ќе следува и заедничка прес конференција на премиерот Заев  и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Делегациите на Република Македонија и Босна и Херцеговина заеднички ќе се приклучуат кон „маршот на живите“ и пеш ќе дојдат до споменикот на 7.144 македонски Евреи, во рамки на одбележувањето на 75 годишнината од холокаустот на македонските Евреи.