Тројца повредени во две сообраќајки на патот Маврови Анови-Дебар

11 март, 2018 | 11:53 часот | 914 прикажувања |

Три лица се повредени во две одделни сообраќајни незгоди кои се случиле вчера на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, информира СВР Тетово.

Во незгодата што се случила во близина на крстосницата со селото Врбјане, автомобил марка „сеат-толедо“ што го управувал Б.К. од Дебар, поради неприлагодена брзина излетал од коловозот. Двајца сопатници здобиле повреди, а поради тежината на повредите едниот бил задржан во гостиварската болница.

Синоќа околу 19.30 часот, Б.Ј. од Гостивар, додека се движел од Маврови Анови кон Дебар со возило „опел корса“ во близина на Инфоценатрот загубил контрола и удрил во метален столб за улично осветлување. Повредениот возач од оштетеното возило бил извлечен со интервенција на пожарникари, по што бил пренесен на скопските клиники