Во Собранието ќе се расправа за новиот државен јавен обвинител

25 ноември, 2017 | 9:52 часот | 213 прикажувања |

На денешната пленарна седница во Собранието на Република Македонија ќе се расправа за предлогот на Владата, Љубомир Јовески да биде именуван за нов државен јавен обвинител. Јовески е актуелен член на Советот за јавни обвинители. Дипломирал право во 1978 година со просек 6,42. Тој има 15 години искуство како судија, и 12 години искуство како јавен обвинител.

Тој е член на Советот на јавни обвинители е од 2015 година. За заменик јавен обвинител на Јавното обвинителство на РМ е избран во 2003 година, а од 2009 година е избран за јавен обвинител без ограничување на траење на мандатот. Работи како судија од 1987 година, а во 1995 и 1996 година е заменик на претседателот на судот. Четири години бил и претседател на суд како и претседател на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.