ВИДЕО: Бекир Асани го нарекува „копиле“ новинарот Насер Селмани

11 март, 2018 | 11:39 часот | 1.104 прикажувања |

Функционерот на ДУИ Бекир Асани,кој изминатиов период е актуелен поради нападот врз полицајката Јаначковска, во скандалозно интервју за порталот „Мактел“ го нарече претседателот на ЗНМ Насер Селмани, „копиле“ (14 минута), го навредува и кон него демонстрира ново вербално насилство.

Асани во интервјуто вели и дека никогаш не удрил и нема да удри жена, како и дека ѝ се извинува на полицајката Јасмина Јаначковска за вербалниот напад, како и на јавноста за својата грешка.

Според неговиот исказ тој само нервозно викал а не удирал, но очевидци го тврдат спротивното.

Во однос на заканите за Насер Селмани, претседателот на ЗНМ Асани вели дека не знаел што му рекол брат му, а тој за него бил безвреден.

„Без да се навредите вие, ги разбирам македонските новинари, но не можам да го разберам „нашето копиле“. Ако сакал да разбере што се случува можел да ме контактира. Неговата објава не беше убава. И јас имам фамилија и пријатели, и заради Насер Селмани ми се пцуеше фамилијата. За заканата што му ја упатил брат ми, јас разбрав последен. Имам порака за Селман, ако е маж и знае да навреди, тогаш треба да прифати навреда. Ако имало закана од брат ми, не треба да се плаши. Не е убаво наутро да е маж, а навечер да легнува како жена. Нека биде маж и нека не оди потоа да плаче по амбасадите. Ако било тоа, да сум прифатил навреда од Насер, нека биде тогаш фидбекот и кон него од мене“, изјави Бекир Асани, нарекувајќи го претседателот на ЗНМ, Насер Селмани – „дно“.

За инцидентот со Лирим Дулови во 2006 година, Асани рече дека му се извинил и дека се нашол на погрешно место, во погрешно време.