Семакедонски протест во Торонто против промена на името

10 март, 2018 | 23:01 часот | 1.292 прикажувања |

За 18 март во Торонто, Канада е закажан масовен протест на македонските иселеници против промена на името Македонија.

Собирно место за протестот е Queen’s Park во Торонто, од 13 до 16 часот.

„Името на државата и идентитетот на нацијата ни припаѓаат нам Македонците во светот и нам Македонците во татковината, затоа што сите заедно сме неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател. Повикуваме на семакедонско обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Со Македонија нѐ има во целиот свет, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно“, велат организаторите на протестот.

Порачуваат дека македонската заедница во Канада во која се обединиле сите македонски организации и црковни општини во Канада е единствена во поддршката на Македонија и бара да се стави крај на „антимакедонските преговори за името“.

Се очекува од протестот да биде упатен проглас за прекин на преговорите за името и идентитетот на Македонците.