ВМРО-ДПМНЕ: За кого земал поткуп соработникот на Спасовски?

10 март, 2018 | 16:53 часот | 630 прикажувања |

Скандалот со поткупот во МВР не смее да заврши само со одговорност на најблискиот соработник на министерот Оливер Спасовски. Истиот соработник на Оливер Спасовски кој сега е приведен за поткуп, беше форсиран од страна на СДСМ во преговорите од Пржино, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста чека одговори уште во колку случаи неморалниот, криминоген службеник барал поткуп? Зошто истиот беше форсиран и фаворизиран од страна на Оливер Спасовски? Кој го поставуваше на најодговорни позиции? Време е да запре лицемерието и да се преземе одговорност во врска со овој случај“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.