Одземен пасошот на советникот на министерот Спасовски

10 март, 2018 | 16:51 часот | 588 прикажувања |

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривичната пријава против едно лице поднесена од Министерството за внатрешни работи. Осомничениот се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување на службено дејствие и со тоа сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител оценувајќи дека се исполнети законските услови до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, забрана за издавање на нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело.

Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му ги изрече бараните мерки, соопшти ОЈО.