Легендарниот актер Чак Норис доби споменик во Загреб

10 март, 2018 | 16:44 часот | 402 прикажувања |

Легендарниот американски актер Чак Норис доби споменик во Загреб, кој беше откриен синоќа на полноќ, по огномет и организирано славење на неговиот 78-ми роденден.

Споменикот се наоѓа во загребската населба „Слобоштина“, а неговиот автор побара да остане анонимен, како што истакна „на барање на Чак Норис со кого сака да одржува добри односи“.

„Ова е прв споменик на Чак Норис во Хрватска“, наведе организаторот на настанот Круно Локотар.

Тој изрази надеж дека градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, ќе го посети споменикот, бидејќи со доаѓањето на Чак Норис градот станал побезбеден.