Рашфорд херој во победата на „Црвените ѓаволи“

10 март, 2018 | 16:40 часот | 711 прикажувања |

Во рамките на 30 коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ беше домаќин на Ливерпул. Во најголемото англиско дерби „Црвените ѓаволи“ на крајот славеа со 2:1.

Стрелец на двата гола за Манчестер Јунајтед беше Рашфорд, а Ливерпул намали со помош на автоголот на Баи.