Угостителите од Водно на протест, бараат да се укине забраната за возила

10 март, 2018 | 14:27 часот | 1.040 прикажувања |

Угостителите од Водно излегоа на протест против законска е забраната за возила на Водно. Бараат истата да се укине бидејќи како што велат тие се на работ на егзистенцијата.

Иминатиов период поради ваквата одлука дел од угостителските објекти се затвориле. Реагирале до сите надлежни институции и градот Скопје, а се обратиле и до народниот правобранител – велат дека со ова се кршат човековите права и слободи и бараат испитување на крешење на човековите права и слободи.