ИНТЕРВЈУ со Стефан Влахов Мицов: Македонскиот пат кон ЕУ личи на носење јагне во трло волци

10 март, 2018 | 11:29 часот | 3.367 прикажувања |

Со професорот и потпретседател на партијата „Единствена Македонија“ Стефан Влахов Мицов разговаравме за актуелната внатрешна и надворешна македонска политика, за алтернативите околу ЕУ и НАТО, за македонско-руските односи, како и за процесот со името.

МАКЕДОНИЈА 365: Господине Мицов, кои се придобивките од Европската Унија за која сите зборуваат и ургираат и зошто тврдите дека имаме штетни последици од тој пат?

– Многупати сме покажале дека македонскиот народ има име, идентитет, јазик, култура и држава. Децениската заложба на досегашните влади за зачленување во НАТО и ЕУ досега не вродила ниту со плод, а уште помалку ќе вроди, ако успеат да нè внесат во овие структури. Зошто? Затоа што тие сакаат да го немаме она што го имаме: име, јазик, култура, историја, идентитет.

Треба исто така да сфатиме и да бидеме будни дека ним не им е вооппшто потребна Македонија како народ. Ним не им е потребен народ. Тие сакаат да нема Македонци. Туку само територија! Тие сакаат територија која ќе се припои кон Косово и ќе биде нов полигон за нивните воени вежби. А Македонците под тој притисок да бидат европски мигранти и наемни работници за ефтина работна рака.

МАКЕДОНИЈА 365: Кои се тие за кои велите „тие“? Кои се тие што сакаат, како што велите, да го немаме сето тоа?

– Тоа се очигледно големите сили: САД, НАТО и ЕУ. А тоа го посакуваат и некои од македонските соседи, некои од балканските земји и тоа е нивна агресивна политика и постојана историска и актуелна нивна агенда. Сите тие балкански наши соседи сега се членки на Европската Унија или на НАТО. И погледајте сега здраворазумски: каде ние се стремиме? Како јагне во трлото на волците. Тоа е едното.

МАКЕДОНИЈА 365: Нашите преговарачи од Владата и од власта велат нема алтернатива. Имаме ли алтернатива?

– Животот има алтернатива. Алтернативата е борба за зачувување на името, јазикот и идентитетот.

МАКЕДОНИЈА 365: Кој е другиот пат? Што е нашиот избор според вас?

– Наспроти оваа божемна безалтернативност, имаме една голема сила и економски богата земја Русија која нè признава и како народ и како култура и како предок на својата писменост.

МАКЕДОНИЈА 365: Што бара Русија за возврат?

– Не бара ништо од нас! Таа дури не се меша како што гледате! Напротив, таа очекува ние по сопствена волја да си направиме свој избор за сигурна иднина. Ние, од „Единствена Македонија“ го избравме и го предлагаме на македонскиот народ здружувањето со Русија кон тој евроазиски пат каде Русија заедно со Кина нудат економски силна иднина, а за возврат не бараат од нас она што ние мора да го смениме за влез во Европската Унија. Не бараат од нас ниту Русите ниту Кинезите да го промениме својот идентитет за да бидеме во таков голем сојуз.

И сега, пак, погледајте здраворазумски: едните сакаат да нè преименуваат и обезличат, а економски да нè колонизираат и да го обезвреднат нашиот труд. Сакаат да ја уништат нашата економија, а нас Македонците, како и другите тазе европски членки да нè претворат во ефтина работна сила.

МАКЕДОНИЈА 365: Мислите на инвестициите во индустриски зони ?

– Велат, инвестиции!? Еве, погледнете во источна Македонија. Има инвестиции, но платите се од 120 -130 евра. Која е целта? Да нè обезвреднат и како таква аргатска сила да нè земат и во Европа да го користат нашиот вреден и работен народ.

Наспроти ова, во Евроазиската унија, нејзините членки ќе можат да користат 50% од природните енергенси. Ова е веќе озаконето, со закон донесен на крајот од 2017 година. И уште велат дека немаме алтернатива! Ете, тоа е кога немаш алтернатива! Но, ние велиме дека имаме алтернатива и избор. Нашата стратегија е дека спасот е токму во имањето избор и алтернатива, а тоа е здружувањето кон Евроазиската Унија заедно со Русија.

МАКЕДОНИЈА 365: Велите Евроазиска унија во сојуз со Русија? Не ли малку изживеано тоа искуство од другите да се биде во сојуз со Русија?

– Веќе ви ги посочив главните разлики на два таса на вагата. Едниот евроатлантското, а другото-евроазиското. Имајќи ги овие два таса од вака поставената светска вага, нормално е, нормален народ да се присоедини кон она каде што многу ќе добие, а нема ништо да изгуби, наспроти оној пат каде му се одзема идентитетот за економски да биде колонизиран и обезвреднет како труд.

МАКЕДОНИЈА 365: Господине Мицов, зошто ова што вие го имате како стратегија и агенда во „Единствена Македонија“, зошто тоа јавно не го понуди, не го промовира и аргументирано не го образложи и гарантира или вети токму Русија и нејзиниот политички врв? Еве да речеме, на пример, со поддршка за непромена на името или за црквата?

– Неодамна, професор Александар Дугин, првиот советник на рускиот претседател Путин, кажа дека Русија не се меша во внатрешните работи на државите како што тоа го прават Американците, но истовремено Русија е подготвена да помогне секому кому му е потребна руска поткрепа! Тие велат дека суверено право е на народот да избере или да спречи влада и владина одлука која не е во интерес на народот.

Народот мора да е подготвен сам да одлучи или да побара поткрепа од руската држава. Кога и да ја побара и каква и да побара, македонскиот народ ќе ја добие! И сега, вие ме прашувате дали ќе помогнат и како ? Е, па како, ако не побараме? Значи, без дипломтски ракавици речено: треба да се обратиме за помош за да ја имаме и помошта и иднината!

МАКЕДОНИЈА 365: Рековте дека алтернативата е борба за зачувување на името, јазикот и идентитетот. Што значи тоа?

– Многу јасно е тоа: Овој народ во оваа македонска држава или ќе опстои или ќе го снема сосема. Врвот на предавствата е случен во Берн со тамошната дијаспора. Предавствата кај Македонците се историска компонента.

Уште Делчев го евидентираше тоа со својата иззјава дека нема друг народ со толку изроди како македонскиот. Денес, за жал, се повторува тоа и трае како колнатија. Наспроти ова и овие наши вакви македонски состојби, советникот на Путин за безбедност и геополитика, светски угледниот Русин, Александар Дугин го изјави следното: „Ако некој во Русија побара да се промени името или да се смени уставното име, тој нема да преживее буквално ниту една секунда. Очигледно кај нас долго траат секундите. Ова може и мора да биде поука и за нас Македонците и за нашиот народ и име, поука како треба да се третираат предавниците на својот народ.“

МАКЕДОНИЈА 365: На протестите кои неодамна ги организира македонскта дијаспора, видовме и настан каде беше запалена и сликата на еден премиер. Како го толкувате тоа? 

– Да, тоа го видов и мислам дека најпрвин е само симболична порака, но секој народ прво благо и симболично дава порака. Но кога нема да се сфати симболичната порака, тогаш се преземаат следните чекори. Народот знае како и кога!

МАКЕДОНИЈА 365: Ги проследивте и протестите на потписниците на Прогласот. Кое е вашето мислење за нив?

– Протестите се инаку праведна и оправдана работа, и сите барања се оправдани, но испраќањето на резолуции до истите оние кои ни вршат окупација и политичка тортура, се погрешни насоки, погрешен правец. Тоа уништува сè! Ете, тоа уништува сè!

МАКЕДОНИЈА 365: За крај, која е вашата порака до Македонија и македонскиот народ?

– Јас сум кажувал повеќе пати: ако секој си ја сака својата земја, својот народ, својата татковина и ако притоа секој од нас даде по малку од себе за татковина, ете тоа би било доволно за почеток. Ние мора да знаеме дека треба да се опреме и спротивставиме на секој оној кој сака од нас да направи ништо, да нè преименува, да нè уништува или да се обидува да го стори тоа.

Не смееме да дозволиме да ни чепкаат по името, по јазикот, по идентитетот, по ништо што само нам ни припаѓа и никому другему. Ние мора да ја одбраниме Македонија и македонското во нас и сега – за да ја има Македонија и Македонци и после нас!

Македонија 365                                                                                                                                  Д.Д.