Престрелка во Чаир: еден убиен и еден тешко ранет

25 ноември, 2017 | 9:43 часот | 251 прикажувања |

И.А., 35-годишен жител на скопско Блаце е убиен, додека Љ.Ќ. (52) е тешко ранет, во престрелката која се случила синоќа на улицата „Лазо Трповски“ во скопската населба Чаир.

„На улицата „Лазо Трповски“ во скопски Чаир, вчера околу 22.30 часот имало пукање од огнено оружје. На лице место починал И.А. од село Блаце, а тешко повреден е Љ.Ќ., кој живеел недалеку од местото на инцидентот“, соопшти МВР.

Повредениот Љ.Ќ. бил пренесен во Ургентниот центар со тешки повреди.

Подрачјето околу местото на престрелката било затворено од страна на полицијата при истрагата.