Европската комисија очекува дигиталните часовници да се нормализираат до Велигден

9 март, 2018 | 15:03 часот | 777 прикажувања |

Европската комисија денеска изрази очекување дека нарушената работа на дигиталните часовници на континентот ќе се нормализира до Велигден, односни кон почетокот на април.

Комисијата појасни дека досега е објаснето како дa се надоместат недоволните количества струја во европскиот енергетски систем. Портпаролот на институцијата изјави дека досега вакво нешто не се случило.

Фреквенцијата на електрична енергија во европската мрежа е намалена од почетокот на јануари, а тоа доведе до доцнење на дигиталните часовници. Европската асоцијација на оператори на електронските мрежи истакна дека од проблемот се погодени 25 земји.

Отстапувањето од вообичаената европска струја од 50 херци е предизвикано од недоволно снабдување со енергија во регионот на Косово и Србија поради политичкиот спор меѓу Приштина и Белград. Поради овие проблеми, дигиталните часовници заостануваат околу шест минути.