Новиот клинички центар ќе се гради во Злокуќани

9 март, 2018 | 12:53 часот | 644 прикажувања |

На денешната прес конференција Министерот за здравство Венко Филипче најави дека новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани. Тој порача и дека во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина.

Според него, тоа ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Одлуката за дислокација, е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.