Пет институции добија неповратни грантови од Јапонија

9 март, 2018 | 12:34 часот | 705 прикажувања |

Пет здравствени и четири образовни институции од Македонија потпишаа договор за неповратни грантови од Јапонската влада во вредност од 428.066 илјади евра.

Како што инфомираат од Амбасадата на Јапонија договорите кои оваа година се во рамки на „Грант програмата за мали проекти“ ќе ги потпишат добитниците на грантовите и првиот резидентен амбасадор во Македонија, Кеико Ханеда.

На церемонијата свое обраќање  имаа вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за образование Рената Дескоска.