Трибина „Значењето на јавното говорење во борбата за женските права“

9 март, 2018 | 11:04 часот | 617 прикажувања |

Во вторник на 13-ти март, со почеток во 16 часот во просториите на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, а во организација на Клубот на Оратори “Forum Oratores” ќе се одржи трибина на темата „Значењето на јавното говорење во борбата за женските права“.

На трибината свое предавање ќе има проф. д-р Каролина Ристова Астеруд која е и авторка на книгата „Феминистички теории за политиката“.

„Инспирирани од меѓународниот ден на жената, а имајќи ја предвид непресушноста на борбата за женските права ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат и да земат активно учество“, велат од Клубот на оратори.

Сите заинтересирани своето учество може да го пријават на е-маил: [email protected] или на фејсбук страницата на Клубот на оратори.