Судското рочиште за „Сопот“ одложено за 20 декември

23 ноември, 2017 | 11:20 часот | 218 прикажувања |

Денешното рочиште за случајот „Сопот“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено и презакажано за 20 декември.

Причина е тоа што сведокот Рамадан Бајрами кој требаше да даде исказ не можеше да биде идентификуван од страна на судот, затоа што немаше важечки документи.

Предметот „Сопот“ е отворен во 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

фото: Мета