Кабинет на Поповски: Наојстра осуда за заканите врз Селмани

8 март, 2018 | 17:29 часот | 579 прикажувања |

Oд кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски информираат дека најостро го осудуваат секој обид за напад или закана врз новинарите.

„Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани“, велат од кабинетот на Поповски.

Оттаму потенцираат дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување, професионално и објективно работење на новинарите, без политичко влијание или какви било притисоци.