Европол ја доби првата жена шефица во историјата

8 март, 2018 | 15:35 часот | 519 прикажувања |

Катрин д’Бол од Белгија денеска е избрана за шефица на европската служба за борба против криминалот Европол, соопшти Советот на ЕУ. Тоа е прва жена на таа функција, за која се одлучија министрите за внатрешни работи на земјите на ЕУ на состанок во Брисел, а министерот на Белгија Жан Жамбон ја поздрави одлука што е донесена токму денеска, на Меѓународниот ден на жената, пренесе Макфакс.

Катрин д’Бол (48), која е началничка на белгиската федерална полиција, новата работа со мандат од четири години, ќе ја преземе на 1-ви мај од сегашниот директор на Европол, Британецот Роб Венрајт.

Европол, со седиште во Хаг, ги поддржува членките на ЕУ во борбата против меѓународниот криминал и тероризам.