
Обединетата Македонска Дијаспора е сериозно вознемирена од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко- градоначалник на Пустец и бара негово ослободување од притвор.
Дијаспората предупредува дека со селективниот пристап на Специјалното јавно обвинителство и двомесечниот притвор се кршат човековите права, како и правото за оддржуивање фер и транспарентен судски процес.
Во соопоштението на ОМД пишува дека и тие се придружуваат на ставот на претседателите на Македонија и на Албанија, како и на македонските организации во Албанија и светот кои изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко.