Владата ќе ги мотивира иселениците да инвестираат во Македонија

8 март, 2018 | 14:41 часот | 821 прикажувања |

Ќе се проширува обемот на финансиска поддршка на малите и средни претпријатија. Се предлага младите кои живеат привремено во странство да можат да аплицираат за средства покрај оние предвидени со Предлог- законот за финансиска поддршка на инвестициите, како дополнителна мерка, објави МРТ.

Стопанствениците сметаат дека ваквата поддршка е клучна за развојот на економијата. Според нив, ваквите закони треба да бидат флексибилни и рамномерни, насочени кон сите региони, особено оние во кои има најголема невработеност .

Од Министерството за економија велат дека во буџетот се веќе алоцирани околу 36 милиони денари, остаток на средства предвидени со мерките на Фондот за Иновации.

Министерот Бектеши апелира Собранието што поскоро да го донесе Законот за поддршка на инвестициите, откако во вторник ќе ја мине владината процедура.

извор: МРТ