АВМУ: Најостро ги осудуваме заканите кон Селмани

8 март, 2018 | 11:53 часот | 622 прикажувања |

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопштија дека најостро ги осудуваат заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани.

„Заканите и нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат поткопување на демократијата и на правото на јавноста за објективно и професионално информирање. Ваквите појави придонесуваат за слабеење на слободата на медиумите и на нивната способност за слободно и независно известување“, се вели во соопштението. Агенцијата апелира да им се овозможи на новинарите непречено да ја вршат својата работа, ослободени од какви било закани и притисоци.

Бејтула Асани, брат на Бекир Асани преку порака на Фејсбук му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, поради неговиот статус на Фејсбук во кој вели дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката.