Притворот, Законот за јазици, мерцедесот и свекрвите на плот

7 март, 2018 | 22:59 часот | 1.659 прикажувања |

Зекири излегол со соопштение на одредена телевизија дека се прават напори за ослободување на одредени групи на Албанци од доживотен затвор, затоа што како тврди тој „биле невини“ (пази молим те, сѐ невино в затвор е напикано), исто како пајташите од „Монструм“ кои поради некои си наводни „нови докази“ биле пуштени да се бранат од слобода… Јас нови докази не видов и колку што знам случајот се врати на повторно судење од БАНАЛНОСТ за грешка во постапката, но процедура си е процедура и мора да се испочитува..

Е сега не ми е јасно како е можно да се пуштени да се бранат од слобода тие кои добија веќе еднаш пресуда за извршено дело тероризам, а во притвор се луѓето кои на 27-ми го бранеа Уставот на Македонија… Мерката притвор се доделува како превентивна мерка доколку лицето е во можност да ја напушти државата или да го повтори делото… Од моја перспектива, не гледам можност за повторување на настаните од 27-ми, но гледам можност за повторување на настаните од 12-ти април 2012 година…

Можеби сум параноичен, но едноставно не можам да верувам дека тие кои еднаш во постапка беа осудени за убиства и ширење на тероризам сега се на слобода. И уште Зекири гарантира дека 90% од осудените Албанци се невини и дека работат на случаите со премиерот да бидат ослободени. Уште требаше да каже дека акцијата во Бродец беше местена и тие со униформите од УЧК беа присилно однесени таму или пак дека тие од „Диво Насеље“ како што кажа еден од нивните адвокати Насер Руфи: „Кумановската група се бранела од полицијата“. Бидјеќи полицијата нели „за бабино здравје“ отиде да се пресмета со нив. Деца изгинаа таму бе мањаци едни, повредени имаше едно чудо, за оваа држава!

Нејсе…

Џафери – легендата излегол исто така на одредена телевизија со соопштение дека пратениците во МАКЕДОНСКОТО собрание имаат една недела да ги усогласат ставовите и дека е подготвен да закаже уште една седница на која ДИРЕКТНО ќе се гласа (кој може со една кој со две раце) за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35 илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО, но сепак ќе има право на процедурална забелешка. (Сполај голем!)

Џафери сега се обидува со сета сила да го протурка Законот за јазици и условува дека директно ќе се оди на гласање, кое знаеме како помина минатиот пат (искрено очекував 3-4 од LDSM да не гласаат, ама ме изненадија)… По неговото условување настапи експресно условувањето на „Движењето за Илирида“, обратете внимание во МАКЕДОНИЈА имаме ДВИЖЕЊЕ ЗА ИЛИРИДА… Изгледа не сме нормални штом си дозволуваме во нашата држава да имаме организација која работи за нејзино отцепување.

Условот на движењето е „Или гласање на законот за јазици или неизбежна федерализација…“ и уште ѓубрињата ќе додадат дека во БЈРМ (прати в лице ни плукаат еј и тоа со шлајм мајмуните) дека и овој закон не бил во максимална корист на Албанците, но бил некаков почеток.

Во нивното соопштение уште стои: „Заобиколување на волјата на Албанците, минимизирањето на албанскиот фактор, како суштински елемент на демографскиот состав на државата, се причини за потврдување на аргументот и потребата од федерализација. Федерализацијата не е исклучена од страна на правните норми на ООН, и тоа е легитимна волјата на Aлбанците, демократскиoт свет ја почитува волјата на народите кои на мирен начин ги остваруваат нивните права. Движењето за ИЛИРИДА ќе се посвети за да се реализира оваа опција“.. Уште ни кажуваат дека тие упорно ќе работат на отцепување на Македонија или ако сакате во поблага варијанта федерализација, а ние си молчиме… Институциите молчат, премиерот молчи, ВМРО-ДПМНЕ молчи (Ало десница!!!)

Си дозволуваме секаков џган да нѐ погази, во сопствената држава да си наречен БЈРМ, да ти се тврди дека убијци и терористи се невини, да ни се пика под нос некој си физички невозможен Закон за двојазичност, да ти се закануваат со отцепување на територијата, сами да си ги менуваме имињата на аеродромите и автопатите, што ќе доведе до менување на уставното (и на привременото и на планетарното и свемирското како сакате наречете го) име на државата….

А вие мили мои, „ко свекрви на плот“ , за патните трошоци и за ебаниот мерцедес сте фатени… Фатени сте – ама во умот…

Се додека го губиме фокусот од важните работи и се задоволуваме од ситната дневна политика, нашата Македонија ќе тоне, ќе пропаѓа и на крајот ќе исчезне, а со неа и сите ние Македонци… Заборавени во историјата, покриени со прашина, без корен, но и без иднина.

Пишува: Филип Ѓоршовски
Авторот е новинар