
Новата Влада утре за прв пат ќе одговара на пратенички прашања во македонското Собрание.
Ваква седница е прва за новиот владин состав и на неа единствена точка на дневен ред се пратенички прашања.
Инаку, пратеничките прашања се секогаш во четврток, но сега седницата е преместена поради првата седница на бугарската и македонската Влада која денеска се одржува во Струмица.