Антикорупциска комисија: Шест оставки во три дена

7 март, 2018 | 16:02 часот | 604 прикажувања |

За три дена, шест оставки во Антикорупциската комисија. Од позицијата членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска покрај Жаклина Дамчевска, се повлекоа и Сејди Халили и Фадие Алиу.

Вчера оставка поднесе претседателот на комисијата Игор Тантуровски, а во понеделникот и неговиот претходник Горан Миленков.

Оставките следуваат откако во ревизорскиот извештај од УЈП беа наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошење буџетски пари.

За извештајот на ревизорите, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.

извор: МРТ