Утре без вода дел од Општина Центар

7 март, 2018 | 15:58 часот | 644 прикажувања |

Поради дефект на огрлица од ф-80мм на улицата Наум Наумовски -Борче бр. 50 во населбата Дебар Маало,  утре ќе има прекин на водоснабдувањето за корисниците на дел од улицата Наум Наумовски Борче на потегот од улицата Аминта Трети до булеварот Партизански одреди во општина Центар од 9 часот до санирање на дефектот, информираат од Општина Центар.