Повторно исчезна 79 годишниот скопјанец Душан Христов

7 март, 2018 | 15:54 часот | 660 прикажувања |

79 годишниот Душан Христов утрово повторно исчезна во скопската населба Бутел 1.

Душан боледува од Алцхајмерова болест. Непосредно пред исчезнувањето, околу 5 часот утринава, бил облечен во долга црна јакна, сини фармерки и носел црвено летно капче.

Истиот човек исчезна на 10-ти јануари годинава, но тогаш семејството успеа да го пронајде.

Се молат сите кои имаат какви било информации да се јават на 070 739 730 или во најблиската полициска станица.