Лавров и Тилерсон најавија учество на Советот на ОБСЕ во Виена

23 ноември, 2017 | 10:46 часот | 189 прикажувања |

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Рекс Тилерсон најавија дека ќе учествуваат на министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што ќе биде одржан на 7 и 8 декември во Виена.

Виенски „Пресе“ тврди дека Тилерсон и Лавров ја прифатиле поканата за присуство на собирот на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој е актуелен преседавач со ОБСЕ.

Се очекува Толерсон да пристигне во Виена на 6 декември, а претходно ќе ги посети Стокхолм и Брисел. Се уште е е најавено кога Лавров ќе допатува во Виена.

Присуството на министерскиот совет, меѓу останатите, засега го потврдија, високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, министерот за надворешни работи на Италија Анџелино Алфано и неговиот украински колега Павло Климкин, но се уште не е познато дали на средбата ќе присуствува шефот на германската дипломатија Зигман Габриел.

Австрија очекува на Советот на министри на ОБСЕ да учествуваат 45 министри за надворешни работи и 1.500 делегати.