Битолчанецот Јорго Огненовски ќе формира своја политичка партија

7 март, 2018 | 9:12 часот | 269 прикажувања |

Битолчанецот Јорго Огненовски, поранешен каратист и филмски режисер, сценарист и продуцент ќе формира своја политичка партија во Македонија. Огненовски беше и независен кандидат за градоначалник на Општина Битола на последните локални избори.

Во неделата на 4 март, во хотелот „Карпош“ во Скопје се одржа седница на иницијативниот одбор организиран од група граѓани од Македонија и дијаспората за формирање на новата политичка парија во Република Македонија, а на состанокот е договорено да се одржи и основачкото собрание на партијата во втората половина на април.

Огненовски вели дека неговата партија ќе се бори за подобра Македонија и подобар живот за сите граѓани на Македонија, против оние кои сакаат да го променатат името на Македонија, како и против политичките криминалци и политичките партии кои ја уништуваа Македонија и народот.