Гари Кон, главниот економски советник на Трамп си даде оставка

7 март, 2018 | 8:40 часот | 578 прикажувања |

Гари Кон, главен економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше цврсто против воведување царини за увоз на челик и алуминуим си поднесе оставка.

„За мене беше чест да ѝ служам на државата и да воведам добри политики за Американците за поддршка на растот, особено прифаќањето на историската даночна реформа. Му благодарам на Претседателот што ми ја даде таа можност и му посакувам нему и на неговата администрација големи успеси во иднина“, истакна директорот на националниот економски совет.

Кон е поранешен член на раководството на банката Голдман Сакс. Тој беше најголемиот противник за воведување царини од 25 отсто за увоз на челик во САД и на 10 отсто за увоз на алуминиум.