Клубот на пратенички во Собранието одбележува 15 години од формирањето

7 март, 2018 | 8:30 часот | 625 прикажувања |

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одбележи 15-годишнината од формирањето.

Најавено е да се обратат претседателот, потпретседателката и генералниот секретар на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, Фросина Ташевска-Ременски, Цветанка Иванова, координаторката на Клубот на пратенички Ѓулумсер Касапи, постојаната координаторка на Обединетите нации во нашата држава Луиза Витон.

Обраќања ќе имаат и Даниела Димитриевска, директорка на Македонското женско лоби, една од основачките на Клубот на пратенички и поранешна претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Лилјана Поповска, Савка Тодоровска, претседателка на НСРР – СОЖМ…

На дискусијата „Зголемување на политичкото учество на жените“ ќе учествуваат пратеничките Соња Мираковска, Татјана Прентовиќ, Мирсаде Емини-Асани и Мерал Узеири Ферати.