Педијатриска опрема од Германија за Детската клиника во Скопје

7 март, 2018 | 8:28 часот | 746 прикажувања |

Педијатриска медицинска опрема со поддршка од Германската амбасада и проектот Хопе ќе добие денеска Универзитетската Клиника за детски болести.

Станува збор за значајна опрема за реанимација со неинвазивна респираторна поддршка, наменета за предвремено родени деца, односно доенчиња кај кои е потребно подобрување на волуменот на белите дробови.

На настанот ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче и германскиот амбасадор Томас Герберих.