Димитров се сретна со Јан Хекер, советник на Меркел за надворешна политика

6 март, 2018 | 22:37 часот | 577 прикажувања |

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Скопје се сретна со Јан Хекер, советник за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел.

„Димитров се заблагодари за конзистентната поддршка на СР Германија за европската перспектива на Република Македонија и во тој контекст го поздрави договорот за формирање нова коалициска влада во Берлин како исклучително значаен за регионот, Европа и пошироко“, соопшти МНР.

Министерот го запознал Хекер со текот на реформите неопходни за европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија.

„Советникот Хекер увери дека идната германска влада ќе ја продолжи својата активна улога за интеграцијата на Република Македонија и регионот во ЕУ и НАТО истакнувајќи дека Западен Балкан останува врвен приоритет на германската надворешна политика. Тој исто така ги поздрави напорите на Владата на Република Македонија за спроведувањето на домашните реформи и позитивниот и поактивен пристап во односите со соседите“, се вели во соопштението на МНР.