Галичица останува под заштита на УНЕСКО

6 март, 2018 | 22:35 часот | 659 прикажувања |

Владата на денешната седница одлучи да ја прекине постапката за измена на планот за управување на Националниот парк Галичица во согласност со препораките на УНЕСКО.

Тоа значи дека овој Национален парк и натаму останува заштитено светско наследство на листата на УНЕСКО.