Приведен и третиот напаѓач на 17-годишното момче кај „Рекорд“

6 март, 2018 | 22:34 часот | 714 прикажувања |

Полицијата денеска го приведе и третиот напаѓач на 17-годишното момче кај „Рекорд“ во центарот на Скопје.

„Полициски службеници денеска го приведоа Б.Н. (15) од Скопје во врска со нападот на 17-годишниот З.Т. на автобуската постојка ‘Рекорд’ на улицата Димитрие Чуповски“, соопшти МВР.

Нападот се случи на 1 март. Б.Н. заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од село Љубин, Скопско, кои беа приведени пред два дена, физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со нож во пределот на стомакот. Од МВР информираат дека Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.