Основан Ансамбл на албански народни ора и песни во Македонија

6 март, 2018 | 22:19 часот | 864 прикажувања |

Владата на денешната седница основаше национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата.

Владината прес-служба соопшти дека ансамлот се основа „заради негување на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна уметност на албанската заедница во Република Македонија“.