Скок од девет позиции на Македонија на последното рангирање на ФИФА

23 ноември, 2017 | 10:43 часот | 238 прикажувања |

Најдобрата македонска фудбалска репрезетанција повторно напредна на последната рејтинг листа на ФИФА. На рангирањето за ноември, кое денеска беше објавено од страна на Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76-тото, место што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец.

Последната победа над пријателскиот натпревар против норвешката репрезентација (со 2:0) е причината за напредокот на Македонија.

Врвот на листата е неизменет: Германија останува прва, пред Бразил и Португалија.

Најдобрата десетка ја сочинуваат и: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Наредната ранг листа ФИФА треба да ја објави на 21 декември.