Програмата Кембриџ се одложува за учебната 2019-2020 година

6 март, 2018 | 21:51 часот | 653 прикажувања |

На 57-мата одржана седница на Владата на Република Македонија, од областа на образованието, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, односно на програмата КЕМБРИЏ.

На седницата беше усвоена и Информацијата за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик.