Претседателот на Антикорупциска Тантуровски поднесе оставка

6 март, 2018 | 12:42 часот | 672 прикажувања |

Претседателот на Антикорупциската комисија, Игор Тантуровски, поднел оставка од својата фунцкија, од здравствени и семејни причини, пренесе ТВ21.

Тантуровски ја поднел оставката до Собранието и тој е втор член на Антикорупциската комисија кој се одлучи на ваков чекор, по вчерашната оставка на членот и поранешен претседател на Комисијата, Горан Миленков.

Оставките следуваат неколку дена по извештај од внатрешната ревизија воКомисијата која покажа дека дел од членовите фалсификувале патни налози за да земат повисоки суми за патни трошоци и ненаменски трошеле буџетски средства.

Неофицијално се коментира дека во Антикорупциската комисија се подготвуваат уште најмалку две оставки. Инаку, актуелниот состав на комисијата е именуван во април 2015 година.