Пешак усмртен на патот Велес-Градско, возачот избегал

6 март, 2018 | 10:48 часот | 722 прикажувања |

Триесет и три годишниот Д.В. го загуби животот откако вчера околу 18 часот во него удрил автомобил.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на регионалниот пат Велес-Градско, а во пешакот удрил непознато лице со непознат автомобил, кое по несреќата избегало.

„Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, информираат од МВР.