Принцот Џорџ ќе се појави во цртаниот филм „Пожарникарот Сем“

23 ноември, 2017 | 10:38 часот | 364 прикажувања |

Со епизода во која ќе биде претставен ликот на принцот Џорџ, синот на Кејт и Вилијам ќе биде одбележана триесетгодишнината од емитување на популарниот цртан филм „Пожарникарот Сем“.

Откако принцот Вилијам раскажал како неговиот син ужива да го гледа цртаниот филм „Пожарникарот Сем“, продуцентите одлучиле јубилејот да го прослават така што ќе му посветат епизода на принцот Џорџ.

Малиот Џорџ во епизодата ќе биде прикажан како пристигнува со хеликоптер во државна посета на Понтипанди. Кога ќе дојде до опасност, ќе го спасуваат со хеликоптер.

Принцот Џорџ на почетокот на септември појде на училиште.