Лавров: Сега сме виновни и за студеното време што ја зафати Европа

6 март, 2018 | 10:26 часот | 760 прикажувања |

Русофобијата што ги зафати западните земји се граничи со здравиот разум, па сега Русија се обвинува и за студеното време што ја зафати Европа, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесе Макфакс.

Говорејќи на прес-конференција за време на официјалната посета на Намибија, рускиот шеф на дипломатијата рече дека одредени земји, говорејќи дури и за времето, користат можност да ја обвинат Русија.

„Хистеријата што го зафати Западот во последните неколку години изгледа дека преминува во ирационализам, па дури и за деструктивните временски феномени обвинет е Кремљ“, рече Лавров

„И други прашања се користат за зајакнување на притисокот врз Русија. Дури слушнав и дека ние сме виновни за студеното време што ја зафати Европа“, повтори Лавров, а пренесе „Спутник“.

Студениот бран што минатата седмица зафати повеќе европски земји е наречен „Ѕвер од истокот“.