Со копривата прочистете ја крвта

6 март, 2018 | 10:21 часот | 645 прикажувања |

Листовите од свежата коприва изобилуваат со Ц, Б2, А и К каротен и пантотенска киселина, калциум, фосфор и железо. Кратко кажано во нив се крие провитамиснки концентрат.

Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсичните материи од организмот. Научно е докажано дека го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа се препорачува на лицата кои боледуваат од дијабетес.

Копривата е докажана и во спречувањето на крварењето, и помага во намалуввањето на крвниот притисок.