Денеска во Собранието седница за законот за јазиците

6 март, 2018 | 9:37 часот | 632 прикажувања |

За денеска на пладне е закажано продолжението на 32. Собраниска седница на која една од точките на дневниот ред е и третото читање за Законот за употребата на јазиците. Неизвесно е дали седницата за законот ќе почне со амандмаанска расправа и дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат само на оваа точка од дневниот ред.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците поднесе над 35.000 амандмани.

Дали ќе се гласа или пак ќе се прескокне точката останува неизвесно, бидејќи од ДУИ и СДСМ најавуваат различно сценарио. Од ДУИ тврдат народните избраници утре ќе галсаат за законот без воопшто да се отворат амандманите.

На неделната средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не беше постигнат договор во однос на Законот за употреба на јазиците во Собранието. Секој остана на своите позиции – за СДСМ законот е уставен, а Мицкоски рече дека остануваат на ставот дека Законот за употреба на јазиците е неуставен и треба да биде повлечен.