Доделувањето на Оскарите годинава со ниска гледаност во САД

6 март, 2018 | 9:24 часот | 401 прикажувања |

Рејтинг агенцијата Нилсен соопштува дека годинешната телевизиска публика на Оскарите е за 20 отсто помала од 2017., кога водител беше Џими Кимел, исто како и оваа година. Нилсен го мери рејтингот на ТВ шоуата од 1974 година.

Свеченоста за доделување на наградата Оскар годинава привлекла рекордно низок број ТВ гледачи во САД – 26,5 милиони, односно првпат под 30 милиони.

Вечерта на Оскарите обично е најгледаното ТВ шоу по Супербоул натпреварот, но тоа не беше случај и годинава. Имено, Оскарите викендов го гледале помалку луѓе и од Зимската олимпијада минатиот месец, којашто ја следеле 27,8 милиони Американци.

Телевизиската публика, воопшто, се намалува, а рејтингот на Оскарите е поврзана и со успехот на номинираните филмови – „Обликот на водата”, којшто доби Оскар за најдобар филм, но по се, изгледа не е којзнае колку популарен, коментираат набљудувачите на филмската индустрија.